Кочанец загина во сообраќајката на патот Штип-Радовиш

Кочанец на возраст од 42 години загина во судирот на три возила, синоќа во 21.30 часот на патот Штип-Радовиш, кај патоказот за село Љуботен.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека во оваа несреќа во која учествувале три возила, од кои две од Кочани и едно од Радовиш. Кочанецот починал на самото место.

Со тешки телесни повреди се здобил и возачот на „опел корса”, а двајцата сопатници од истото возило се со телесни повреди.

Треба да знаете
Последни објави