Search

Харисон Форд денес го слави својот 78 роденден

Харисон Форд навистина го заработи своето место како холивудска икона. Не само што ќе остане запаметен по многуте легендарни филмови и блокбастер серијали, туку и како палаво и непослушно момче во реалниот живот, коментираат таблоидите. И се чини дека има смисла што таквиот став го донесе до неговиот 78 роденден, а изгледа фантастично како и секогаш!

Напуштање на факултет, столар, татко, пилот на хеликоптер, преживеана авионска несреќа (2015), наградуван актер. Има ли нешто што Харисон Форд не сторил?

Како актер, писател, режисер и продуцент, неговите филмови заработиле повеќе од 9 милијарди долари во светски рамки.

Без разлика дали го глуми мудриот професор авантурист Инди во епската франшиза „Индијана Џонс“ или саркастичниот шверцер со златно срце Хан Соло во серијалот „Војна на ѕвездите“, Харисон остави свој белег на некои од најголемите хитови на Холивуд, покрај другите ангажмани во филмови како „Блејд Ранер“, „Бегалец“, „Повик на дивината“.

Светските медиуми издвоија 10 филмови и иконски улоги на Харисон: „Војна на ѕвездите“ (1977), „Империјата го возвраќа ударот“ (1980), „Индијана Џонс: Крадците на изгубената арка“ (1981), „Блејд ранер“ (1982), „Сведок“ (1985), „Индијана Џонс и Последната крстоносна војна“ (1989), „Патриотски игри“ (1992), „Бегалецот“ (1993), „Претседателски авион“ (1997), „Војна на ѕвездите: Силата се буди“ (2015).

 

Треба да знаете
Последни објави