Search

Најмалку 21 повреден во пожар на американски воен брод во Сан Диего

Најмалку 21 лице се повредени во пожар на воен брод на САД, „Бонхом Ричард”, стациониран во Сан Диего. Американската морнарица соопшти дека 17 морнари и четворица цивили се однесени во болница со полесни повреди.

Противпожарната служба на Твитер соопшти дека во неделата наутро бил пројавен пожар на воениот брод кој бил закотвен за одржување и поправки. Огнот синоќа се уште горел.

Адмиралот Филип Собек на прес-конференцијата информира дека имало експлозија на бродот, но причината сè уште е нејасна.

Во моментот на избувнувањето на пожарот на бројот имало околу 160 морнари.

Треба да знаете
Последни објави