Груевски: Не се враќам во политиката, правдата ќе ја барам во Стразбур

Поранешниот премиер и „омилен бегалец на Орбан“ како што го нарекува Франкфуртер алгемајне цајтунг, во интервју за германскиот весник говори за делата што му се ставаат на товар и плановите за иднината, објави „Дојче Веле“.

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски се надева на правда по обвинувањата со кои се соочи во поранешната татковина, но истата планира да ја бара во Стразбур, пред Европскиот суд на правдата, а не пред македонските судови. Со политика веќе нема намера да се занимава, вели Груевски во интервјуто за неделното издание на Франкгфуртер алгемајне цајтунг, негово прво за западен медиум по заминувањето од власт.
На прашањето дали неговиот случај може да се смета и како пресметка меѓу левицата и десницата во Европа, Груевски одбил да одговори. Објаснува дека повеќе не ја следи меѓународната политика толку многу. За време на едноипол годишниот престој во Будимпешта, научил и малку унгарски, но со премиерот Виктор Орбан се сретнал само еднаш.
Поранешниот премиер избега од Северна Македонија на илегален начин во ноември 2018 година пред да се јави на издржување двегодишна затворска казна, откако беше правосилно осуден во случајот со набавката на службено возило. Уште додека бил пратеник, тврди Груевски во ФАЦ, преку посредници му било нудено да гласа за Преспанскиот договор во замена за ослободување од кривичен прогон или намалување на казната. Тие посредници му биле директно испраќани од ексшефицата на СЈО Катица Јанева и од премиерот Зоран Заев.

Новинарот на ФАЦ, Михаел Мартенс пишува дека водел три долги, повеќечасовни разговори со Груевски-два во Скопје пред неговото бегство во Унгарија, и еден во Будимпешта- со вкупна должина од повеќе од 6 часа. Повеќето од разговорите биле снимани, освен еден, кога двајцата опуштено разговарале во скопскиот ресторан Пелистер, каде според Мартенс, Груевски бил постојано поздравуван од гостите и од граѓаните кои сакале да се сликаат со него. Една ипол година подоцна, двајцата повторно разговарале во хотел во центарот на Будимпешта, каде Груевски објаснува дека побегнал од земјата поради страв за сопствениот живот. ФАЦ пишува дека таквиот страв е логичен затоа што двајца други поранешни министри од владата на Груевски биле нападнати од „Албанци“ додека биле во затвор. Дополнително, и одлуките на судовите во Шведска и Грција да не испорачаат неколку македонски државјани барани од СЈО за кривични дела поврзани со режимот на Груевски, ја оправдуваат критиката на експремиерот кон владеењето на правото во земјата, наведува ФАЦ.

Целиот текст на  „Дојче Веле“.

Треба да знаете
Последни објави