Search

Силјановска низ насмевка: Нема да го доживеам влезот во Европската Унија

Никола Димитров, Гордана Силјановска Давкова и Изет Меџити, како носители на кандидатските листи за пратеници во Изборната Единица 1 на коалиција „Можеме“ предводена од СДСМ, на коалицијата „Обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, гостуваа на ТВ Телма на финално соочување пред јавноста пред претстојните парламентарни избори на 15 јули. Притоа одговараа и на прашања од гледачите кои, патем, имаа што да слушнат.

Меѓу прашањата за министерот за надворешни работи, Димитров беше и ова – по кој повод или државнички успех би организирале пикник-риболов со Силјановска?. Не мислејќи се многу, Димитров одговори по повод влезот во Европската Унија на што Силјановска искоментира низ насмевка и на сопствена сметка „оф, нема да го доживеам“.

Треба да знаете
Последни објави