Search

Израелскиот министер за одбрана во карантин поради страв од коронавирус

Израелскиот министер за одбрана Бени Ганц објави дека ќе се изолира затоа што бил загрижен поради неодамнешниот контакт со лице заразено со коронавирус.

Ганц, кој е и алтернативен премиер на Израел, рече дека се чувствува добро, но дека ќе биде изолиран заради чувството на одговорност, пренесува АП.

Тој додаде дека ќе работи од дома сè додека не ги добие резултатите од тестот за коронавирус и додека не заврши епидемиолошката истрага.

Ганц го кажа тоа во време кога Израел се бори со нов бран на инфекции.

Израелската влада оваа недела повторно воведе низа реструкции за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Беше решено да се ограничат собирите и да се нареди повторно затворање на салите за прием, рестораните, баровите, театрите, фитнес-центрите и базените.

Во Израел, 32.714 луѓе се заразени со коронавирусот, додека 343 лица починале, според „Ворлдметерс“.

Треба да знаете
Последни објави