Search

Спасовски: Урнавме режим за да ја донесеме државата на прав пат

Премиерот Оливер Спасовски од вечерашната трибина на ФОН се осврна и на трнливиот пат кој мораше да го поминат граѓаните на оваа држава за да видат светла иднина.

-Покажуваме уште еднаш дека успеавме да го срушиме режимот, да ја донесеме државата на прав пат и мислам дека дека токму вечерва од тука, од местото каде што ја одржуваме оваа трибина можеме и да ја пратиме најсилната порака дека режим не смее да има никогаш повеќе, Македонија не смее да се враќа назад во ниту еден момент на помислата заради тоа што од сегашниот прав пат враќањето назад ќе значи мрачни времиња и режим кој што само една работа знаеше да прави во целиот овој период а тоа е да краде и да ја пљачка државата..“

„ Покажавме дека знаеме да градиме, покажавме дека знаеме да ја измириме државата да имаме добри соседи да имаме наши партнери, покажавме дека знаеме да ги надминеме сите поделби кои што беа во државата дали се тоа национални, верски или било какви други и преку тоа единство да продолжиме силно напред.. порача Спасовски.
Треба да знаете
Последни објави