Search

Несторовски ја затресе мрежата на Рома за триумф на Удинезе (видео)

Удинезе иако беше голем аутсајдер, на дуелот во Рим покажа карактер и славеше со 0-2.

„Црно-белите“ подобро го отворија натпреварот и иницијативата ја крунисаа со гол во 15. минута, кога Де Пол среќно асистираше до Ласања, а овој без многу проблеми ја смести топката во домашната мрежа и го отвори резултатот. На полувреме се замина со минимално водство на Удинезе од 0-1.

Нашиот репрезентативец во игра влезе во 65. минута, а по само неколку минути одлично ја следеше акцијата на Де Паул и искусно налета на додадената топка и го постави конечниот резултат. За Несторовски вечерашниот погодок беше негов втор во дресот на Удинезе во Серија А.

https://streamable.com/s1d2d2

Треба да знаете
Последни објави