Search

Дончиќ: Никогаш не се сомневав дали да учествувам во рестартирање на сезоната

Кошаркарот на Далас, Лука Дончиќ изјави дека не размислува да го пропушти остатокот од НБА сезоната 2019/20 во Орландо.

– Никогаш не се сомневав, навистина ми недостасува кошарката, па сакам да играм. Нема сомнение за тоа, секогаш сакам да играм кошарка, рече Дончиќ.

Неколку играчи во НБА лигата решија да одбијат да учествуваат во рестартирање на сезоната. Лигата нема да примени никакви санкции кон кошаркарите што не сакаат да ја доиграт сезоната.

Треба да знаете
Последни објави