Нова водоводна мрежа во должина од 150 метри на улицата „Ацо Шопов“

ЈП Водовод и канализација – Скопје продолжува со активности за обновување и подобрување на водоводната мрежа во град Скопје. Во тек е поставување на нова водоводна мрежа во должина од 150 метри, со големина на дуктилна цефка Ф 80мм, на ул. „Ацо Шопов“ во населбата Ѓорче Петров. ЈП Водовод и канализација – Скопје, со системска и планска реализација на работните активности постојано вложува напори за подобрување на водоводната и канализациска мрежа во град Скопје, излегувајќи во пресрет на барањата на своите корисници и граѓаните од сите општини во градот.

 

 

Треба да знаете
Последни објави