Search

Игротеките бараат дозвола од државата да почнат со работа под посебни протоколи

Три конкретни мерки со апел за што поскоро почнување со работа согласно посебени протоколи за заштита на вработените и посетителите, ќе соопшти денеска Групацијата на забавни, рекреативни и едукативни дејности, игротеки и останати при Сојуз на стопански комори (ССК).

Компаниите од секторот се жалат дека веќе четири месеци се затворени по донесената уредба на Владата за превенција од КОВИД-19.

-Како мали бизниси, за да почнат со дејност, овие компании освен сопствени имаат вложено и позајмени средства од роднини, пријатели, но и од комерцијалните банки, заложувајќи ги под хипотека и своите живеалишта, наведува ССК во најавата за прес-конференцијата.

Треба да знаете
Последни објави