Search

Актуелниот европски првак Вардар денеска ќе ги дознае противниците за новата сезона

Доцна попладнево од 18 часот ќе се одржи ждрепката за составот на групите во новата сезона од ракометната Лига на шампионите, каде ќе се најде и сеуште актуелниот македонски, регионален и европски првак Вардар, кој има нов спонзор, а прави и тим за нови убави европски приказни. Лигата на шампионите во сезоната 2020/21 сезона ќе има скратен формат.

Од четирите досегашни групи, остануваат само оние поквалитените што беа во А и Б  групите. Сегашните 16 тимови ќе бидат распределени во четири, наместо во досегашните осум рејтинг барабани.

Вардар во последниве три сезони беше во првиот шешир, заедно со ПСЖ и тоа секогаш значеше дека не може да биде во група со најскапиот тим на светот, чиј тренер сега е поранешниот стартег на „црвено-црните“ Раул Гонзалес. Меѓутоа, овој пат таа опција е отворена, затоа што од првиот барабан каде е и Вардар ќе се пополнуваат по две места во секоја од групите А и Б.

Тоа значи дека Вардар сигурно ќе добие еден од силните ривали ПСЖ, Барселона и Веспрем.

Во првата фаза два тима од иста држава нема да се најдат во иста група, па тоа значи дека тимовите од Унгарија, Франција и Германија ќе бидат на различни страни од ждрепката. По 14 одиграни кола во двете групи по два првопласирани тима од групите продолжуваат директно во четвртфиналето, додека оние од трето до шест место ќе играат осминафинални двомечи. Седмо и осмопласираните го завршуваат настапот.

Еве го составот на четирите рејтин групи од кои со ждрепка ќе бидат составени две групи со по осум тимови:

 

 

Треба да знаете
Последни објави