Search

Аднан Незири: Дајте ни шанса искрено да ве претставуваме

На средбите со граѓаните на Општина Желино, кандидатот за пратеник Аднан Незири ја презентираше понудата на Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива и побара поддршка од жителите од оваа област. Незири ја елаборираше програмата на победничката коалиција „Сега е време” и ги замоли жителите на Дебрце, Требош, Желино, Палатица и Стримница да и дадат на оваа коалиција шанса да управуваат чесно со државните институции.

“Ние нудиме промена, додека промената значи надеж да одиме напред. Дајте ни ја можноста да ве претставуваме, а потоа побарајте од нас да дадеме одговорност. После 1 година на локалните избори ќе одговараме пред вас. Доколку не ги реализираме нашите ветувања можете да нè осудите и да ни го одземете правото да ве застапуваме. Дајте ни шанса со глас на 15 јули и верувајте дека нема да ве разочараме “, рече меѓу другите кандидатот Аднан Незири од Коалицијата АА-ААА.

 

 

Треба да знаете
Последни објави