Search

Здравствени службеници од војската ќе вршат тестови за Ковид-19 на аеродромите на грчките острови

Наменски тестови, по 60 дневно ќе вршат здравствени претставници на грчката војска на регионалните аеродроми на островите во следните три месеци, најави од Лезбос заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас, јави дописничката на МИА од Атина.

-На островите, за следните три месеци ќе бидат распределени постојани единици на здравствени лица од вооружените сили кои ќе имаат целосна одговорност за контролите, што ќе се вршат по случаен избор, но наменски. Секој ден ќе има 60 наменски тестирања на патниците од летовите, врз основа на конкретни критериуми од платформата, која ќе го одредува приоритетот и ќе укажува, врз основа на научните и епидемиолошките критериуми што се однесуваат на земјата на потекло, профилот на туристот, податоците за неговата возраст и низа други критериуми, кој треба да биде тестиран, кој може да се смета за патник со поголем ризик, рече Хардаљас, кој од петокот започна посета на 18 регионални аеродроми во пресрет на отворањето во среда.

Заменик-министерот за цивилна заштита повтори дека јавното здравје е над сè друго и е директен приоритет на владата, „за сите туристи кои доаѓаат, да бидат и да се чувствуваат безбедни”.

Треба да знаете
Последни објави