Search

Заев од Центар: И по 15 јули продолжуваме на правиот пат, заедно ќе постигнеме уште повеќе, уште подобро

Ја дочекавме слободата и демократијата. Центар и денес кога живее во демократија е гласен критичар кон политиките, и поука и лекција сте за сите други граѓани, а посебно за младите генерации кои уште ги учиме кои се придобивките на слободата и демократијата. Вие будно ги следите процесите и бевте гласноговорници на целиот народ. Сега имаме репер, ако Центар победува, победува цела Северна Македонија. Затоа знам дека ќе ги згазиме во Центар и уверен сум дека и во сите други градови, се обрати победнички лидерот на СДСМ, Зоран Заев на трибината во општина Центар на која беа промовирани носителите на листата за првата изборна единица Никола Димитров и Мила Царовска.
„Центарци ви се поклонувам! Центар бил слободарски и тогаш кога сите други шепотеа. Се почна од Центар. Од Центар ја дочекавме слободата низ целата земја. Центар и денес кога живее во слобода и демократија е најгласен, е најкритичен, е најсериозен коректив на нашата земја. И поука и лекција сте за сите други граѓани, и од Скопје и од цела Македонија а посебно за младите луѓе кои ги учиме уште да ја живеат слободата и демократијата”, рече Заев.

Претседателот Заев се осврна и на политичката понуда во првата изборна единица и порача дека тимот предводен од Никола Димитров и Мила Царовска, ќе оствари убедлива победа и во оваа изборна единица, додавајќи дека изборите на 15 јули се важни за да добиеме фунцкионални институции, за да продолжи напредокот.
„Имаме задача да поставиме функционални институции, за да можеме да го продолжиме ова слободарско живеење, со огромна поддршка од демократскиот свет, да правиме скокови за унапредување на животот и да го направиме животот поквалитетен. Мораме и по 15 јули да останеме на правиот пат, на есен ќе го имаме корона вирусот, но пред тоа ни треба влада и парламент. Ни требаат институции. На изборите кои ќе бидат 100% безбедни по здравјето, граѓаните ќе изберат светла иднина со заокружување на бројот 3 за победничките листи на СДСМ и коалицијата „Можеме” и ќе ја испратат во минатото обновата на режимот што ја нуди ВМРО-ДПМНЕ.

Треба да знаете
Последни објави