Search

Повеќето земји од ЕУ треба да ги намалат емисите на штетни гасови

На повеќето земји од ЕУ им се заканува неисполнување на обврските за намалување на емисиите на штетни гасови до 2030 година, предупреди денеска Европската комисија во својот извештај.

– Пораката во извештајот е јасна. Секаде во Европа на многу граѓани им се заканува дишење лош воздух. Неопходни се ефикасни мерки за намалување на загадувањето на воздухот во повеќето држави на ЕУ и тоа во секторите на земјоделството, енергетиката и сообраќајот, се наведува во текстот.

ЕК денеска го објави првиот извештај околу проценката за примена на директивите за квалитетот на воздухот од 2020 до 2030 година. Извештајот е подготвен врз основа на анализи на националните програми за контрола на загадувањето, кои ги доставиле земјите членки.

Комисијата, по разгледување на тие анализи, дошла до заклучок дека половина земји од ЕУ не можат да ги исполнат своите обврски за намалување на емисиите на штетни гасови, како на пример издувните гасови и ситните честици ПМ2,5.

Посебна загриженост предизвикува емисијата на амонијакот, кој се користи во земјоделството, пишува во извештајот.

Треба да знаете
Последни објави