Патот кон излетничкото место „Три круши“ целосно е реконструиран и осветлен

Општина Кисела Вода по извршената реконструкција на патот кој води кон познатото излетничко место „Три круши”, лоцирано во селото Драчево, со поставување на 23 нови столба истиот целосно го осветли.

Неодамна, Општината во должина од 660 метри го асфалтираше патот, а на два краци кои водат до куќите на жителите, во должина од 220 метри постави павер елементи.

Со ова, на граѓаните им е овозможено лесно и безбедно да стигаат до своите домови, до црквата Св. Петка, а и до нивната омилена локација за пикник.

Треба да знаете
Последни објави