Search

Царовска на средба со жените и граѓаните од Центар: Ги решаваме проблемите и секогаш сме со граѓаните

Носителката на листа на пратеници во Изборна единица број 1 и потпретседателка на СДСМ,  Мила Царовска вечерва се сретна со претставнички на општинската организација од Форумот на жени во Центар.
Царовска разговараше за сите актуелни прашања поврзани со родовата еднаквост и јакнењето на жените при што истакна дека на претстојните избори СДСМ  како партија која што носи нови вредности на претстојните избори учествува со 50:50 жени и мажи на листите за кандидати за пратеници.
Претходно Царовска имаше телефонски разговори со граѓаните на кои што им ја презентираше програмата. Истакна дека СДСМ ги решава проблемите и е секогаш помеѓу граѓаните, дури и во овие вонредни услови.
Исто така Царовска делеше заштитни маски и друг промотивен материјал во Центарот на Скопје. Царовска непосредната средба со граѓаните ја искористи да поразговара за актуелните политики и очекувањата на граѓаните.
Треба да знаете
Последни објави