Search

ССК и Македонскиот полициски синдикат ќе потпишат договор за соработка

Сојузот на стопански комори на Македонија ќе потпише договор со Македонскиот полициски синдикат – Скопје.

Договорот ќе го потпишат потпретседателот на Сојузот, Драган Митковски и претседателот на Македонскиот полициски синдикат, Марјан Кицев.

-Целта на договорот е да се воспостави соработка со особен акцент на заложбите за воспоставување систем за обезбедување на владеење на правото и сузбивање на сивата економија. Дополнително институционално ќе се делува со заеднички проекти во насока на унапредување на демократските процеси во сферата на интерес на потписниците на договорот, наведува ССК.

Треба да знаете
Последни објави