Search

Силен земјотрес ја погоди Јапонија

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала ја погоди утрово источна Јапонија. Тресењето било почувствувано во Токио и околните префектури, соопшти метеоролошката агенција.

Предупредување за цунами не е објавено, јавува јапонската агенција Кјодо.

Земјотресот, кој бил регистриран на длабочина од 36 километри во префектурата Чиба, е обележан како „слаба петка“ на скалата на сеизмички интензитет на Јапонската метеоролошка агенција, чиј највисок резултат е седум.

Кјодо објаснува дека „слаба петка“ значи дека луѓето биле исплашени. Сè уште не е познато дали земјотресот предизвикал лизгање на земјиштето или предизвикал поголема материјална штета на станбените згради.

Земјотресот бил почувствуван и во централната и североисточна Јапонија.

Треба да знаете
Последни објави