Втора фаза од авионското прскање против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека втората фаза од авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се изврши на 26.06.2020 година (петок) во раните утрински часови.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави