Search

Одложена дебатата на трите кандидатки за градоначалничка на Париз поради штрајк на телевизијата БФМ ТВ

Трите кандидатки за градоачалничка на Париз, Ан Идалго (социјалисти), Рашида Дати (Републиканци) и Ањес Бузан (Републиката во Марш) вечерва нема да одат на телевизиската дебата во телевизијата БФМ ТВ, каде има масовен штрајк кај вработените од телевизијата по најавата за укинување на работни места, јави дописникот на МИА.

Телевизијата планираше штрајкувачите да ги замени со хонорарци, за да може да се одржи дебатата, што не беше прифатено од кандидатките.

Треба да знаете
Последни објави