Search

Николоска: Грижата за вработување на младите луѓе – наша приоритетна цел и обврска.

Носителката на листата на СДСМ во шестата ИЕ Фаница Николоска  оствари средба со претставници на фирми корисници на средства од буџетот преку АВСРМ и со раководителот на ПЕ на Агенцијата во Тетово.

Присутните го изразија своето задоволство од реализацијата на мерките за започнување сопствен бизнис со неповратни средства во висина од 5 илјади евра, поттикнувањето нови вработувања и раст на правните субјекти, како и субвенционирање на платите на нововработените.

Агенцијата за вработување покрај овие мерки обезбеди и финансиска помош за познат работодавател – надомест за практиканти до три месеци, како и младински додаток за вработени лица до 23 годишна возраст.

Грижата за вработување на младите луѓе – наша приоритетна цел и обврска.

Треба да знаете
Последни објави