Search

Забележан пад на цената на нафтата

 Податоците од тргувањата на меѓународните берзи укажуваат на пад на цените на нафтата откако Министерството за енергетика на САД објави зголемени бројки на производство на нафта во земјата и зголемени резерви.

Така, цената на нафтата марка Брент денеска се спушти за 4.46 проценти до 40.76 американски долари за барел. Тексашката лесна нафта (ВТИ) постигна цена пониска за 4.63 проценти или 38.5 долари за барел.

Цените на нафтата се намалија откако Министерството за енергетика на САД информираше дека земјата го зголемила производството а нејзините резерви пораснале до 541 милион барели. 

Треба да знаете
Последни објави