Search

Анкета на Телма: Заев со предност пред Мицкоски, СДСМ и коалицијата пред ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата

Лидерот на СДСМ Зоран Заев има 3,8 отсто предност пред лидерот на опозициската ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, но, дури 36,1 отсто од испитаниците немаат доверба во ниту еден политичар во Македонија. За СДСМ и коалицијата „Можеме се определиле 23, 5 отсто од испитаниците, за Коалицијата за Обнова на Македонија 21,9 проценти, покажуваат резултатите од анкетата на Телма.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев го навеле 18,8 отсто од испитаниците, а Христијан Мицкоски 15 отсто. По нив следуваат Али Ахмети до 7,4 отсто од испитаниците, претседателот Стево Пендаровски со 3,8 отсто, техничкиот премиер Оливер Спасовски со 1,8 отсто и вицепремиерката Радмила Шеќеринска со 0,8 отсто. Осум отсто од испитаниците изјавиле дека најголема доверба имаат вио друг политичар а дури 36,1 отсто немаат доверба во ниту еден политичар во државата.

Анкетата спроведена од „М – Проспект” – која Телма ја објави на стартот на изборната кампања покажува дека за коалицијата можеме предводена од СДСМ се определиле 23, 5 отсто од испитаниците, за Коалицијата за Обнова на Македонија 21,9 проценти, за ДУИ се определиле 6,4 проценти, а за Алијансата на Албанците и Алтернатива 5 проценти.

Според етничката припадност на испитаниците Заев има предност во македонскиот блок, но, помала. За него се определиле 21,5 отсто од испитаниците додека Мицкоски е прв избор кај 20,4 отсто од анкетираните. Лидерот на СДСМ на свое конто книжи и 7,5 отсто доверба од Албанците.

Епидемијата на коронавирусот во Македонија, ризикот и опасностите кои ги носи самиот изборен процес, не се пречка кај 36,1 отсто од испитаниците да излезат да гласаат. На прашањето „Дали состојбата со коронавирусот ќе влијае на вашата одлука да излезете да гласате?” 22,5 отсто одговориле дека целосно ќе влијае а 26,9 отсто дека донекаде ќе влијае на нивната одлука да излезат и да гласаат. Кај 10,7 отсто одговорот е дека донекаде нема да влијае а 3,4 отсто од испитаниците одгтовориле со не знам, покажуваат резултатите од анкетата.

Анкетата на  телевизија „Телма” ја спроведе „М Проспект” и е на репрезентативен примерок кај 1.003 испитаници. Анкетата беше спроведена телефонски во периодот од 16 до 21 јуни и е со статистичка грешка од 3,1 % и со ниво на доверба од 95 проценти.

Треба да знаете
Последни објави