Search

Ѓорчев: ВМРО-ДПМНЕ кога нешто ќе каже остварува, а СДСМ донесе егзодус во Македонија

На денешното издание на „Емисијата 200“  на Алсат-М гостин беше Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ кој зборуваше за неуспесите на владата на СДСМ и за тоа што ќе понуди ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните во предизборната кампања.

Ќе понудиме работа и збор. Затоа што кога ВМРО ДПМНЕ нешто ќе каже, ќе го направи тоа. Ќе донесеме фабрики и ќе градиме автопатишта. Да беше ВМРО до сега ќе беше готов автопатот од Скопје до Блаце. Кога доаѓате од Приштина за Скопје до косовска граница доаѓате на писта на современ автопат Арбен Џафери се вика и доаѓате во Македонија каде едвај поминувате на пат кај што не можат да се разменат луѓето, рече Ѓорчев.

Ѓорчев исто така ги спомна и најголемите лажни и нереализирани ветувања на Зоран Заев дека во Македонија ќе инвестираат Фејсбук и Гугл но не отвори ниту една фабрика.

Зоран Заев не донел ниту една фабрика, ни кај Македонците, ни кај Албанците ни кај Ромите, ни кај Турците ни кај било кого. Ние рековме ќе ни дојдат Фејсбук и Гугл во Македонија ќе се случуваат чуда живот за сите итн. Ние станавме општество и држава од која најмногу се иселуваат луѓе во Балканот во последните 3 години. Егзодус се случува од Македонија, додаде Ѓорчев.

 

 

Треба да знаете
Последни објави