Search

Тотенхем издвојуваше тешка победа над Вест Хем

Екипата на Тотенхем ја запиша првата победа по враќањето на натпреварите во Премиер лигата, откако во вечерашното градско дерби против Вест Хем славеше со 2-0.

Тотенхем беше тимот кој го диктираше темпото во текот на сите 90 минути, во првиот дел имаше тотална доминација, но немаше среќа во завршницата, но среќата му се насмевна кон средината на вториот дел. По еден корнер на Ло Селсо, полскиот репрезентативец Соучек реагираше лошо и топката ја смести зад грбот на Фабијански за предност на домаќините од 1-0.

Подобрата игра на „спарси“ вроди со плод во самиот финиш од натпреварот, откако Хари Кејн го постигна првиот гол оваа година и ги постави конечните 2-0.

 

Треба да знаете
Последни објави