Search

Стефан Богоев ќе го пријави хакирањето до амбасадата на САД

Денеска беа хакирани Фејсбук страниците на директорот на Агенција за млади и спорт, Дарко Каевски, и градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев.

Градоначалникот Стефан Богоев на својот приватен Фејбук профил напиша дека хакирањето ќе го пријави до амбасадата на САД.

Случајот е пријавен до Владата и МВР, а вечерва ќе ја известам и Амбасадата на САД, како и делегацијата на ЕУ во Скопје.
🔴 Ова е втор напад на официјален мој канал за комуникација, по блокирањето на Twitter профилот пред Нова година.
🔴 Вчерашната објава за Спортско – адреналинскиот парк, која имаше organic reach од околу 60.000 корисници била пријавувана како лажна вест.
Дали на некој му смета паркот бидејќи сака да гради или се во прашање „игри“ на политички елити?
🔴 И трето, ова се случува во период кога Карпош е прогласена за најтранспарентна општина во Скопје и трета во државата.- напиша Богоев на Фејсбук.

https://www.facebook.com/stefanbogoevkarpos/posts/10217945789377881

Треба да знаете
Последни објави