Search

Петров: Опозицијата организира настани во кои се прегрнуваат и бакнуваат, без почитување на мерките

Потпретседателот на СДСМ, Коста Петров за емисијата „Програма200“ на Алсат ТВ изјави дека целиот свет се адаптира на новото време и дека ова е одлична можност за да се покаже колку политичките партии се иновативни.

„Ќе немаме стандардна кампања, па затоа сега се дојдени нови времиња. Ние како СДСМ развивме протокол, на јавни собири надвор до 50 луѓе со дистанца, а внатре најмногу до 30 луѓе, исто така со дистанца“, вели Петров.

За опозициската партија, тој изјави дека тие организираа настан во Лисиче во кој се прегрнуваа, бакнуваа, не се почитувале мерките.

„Мицкоски рече дека тие не се адаптираат на новите времиња, дека сакаат контакт со луѓе. Луѓето на крај ќе почувствуваат кој се грижи за нив“, смета Петров.

Треба да знаете
Последни објави