Search

Никола Јокиќ позитивен на вирусот Ковид-19

Никола Јокиќ е позитивен на вирусот ковид-19.Оваа информација ја потврдија неколку спортски новинари од САД, кои напоменуваат дека Србинот не чувствува никакви симптоми.

Случајот со центарот на Денвер Нагетс е втор денешен кој доаѓа од српска спортска ѕвезда, откако попладнево и Новак Ѓоковиќ потврди дека е заразен со коронавирус.

Јокиќ неодамна престојуваше во Белград, каде беше дел од прошталниот натпревар на Дејан Милојевиќ, неговиот поранешен тренер од Мега Бемакс. На истиот натпревар учествуваше и Новак Ѓоковиќ и уште голем број сегашни и поранешни истакнати спортисти од Србија.

 

Треба да знаете
Последни објави