Search

Наполи без Елмас славеше во Верона

Наполи победи на тешкото гостување кај Верона со резултат од 0-2, во рамките на 27. коло од Серија А.

Резултатот го отвори Аркадиуш Милик, кој беше највисок во скокот по корнерот на Политано и со глава го матираше Силвестри за 0-1, во 38. минута од натпреварот.

До крајот на средбата, по неколкуте шанси на Пацини и Инсиње на двете страни, меѓу стрелците се запиша и Ирвинг Лозано. Мексиканецот ја искористи лошата реакција на одбраната и одново по корнер со глава погоди за 0-2 во 90. минута. Веќе во наредната акција, истиот фудбалер промаши колосална можност, кога излезе очи в очи со Силвестре и го промаши целиот гол.

Тренерот на Наполи, Гатузо, на овој натпревар го остави нашиот Елиф Елмас на клупата за резерви.

Треба да знаете
Последни објави