Search

(Видео) Луцифер се враќа на „Нетфликс“ во август

Петтата сезона на хит-серијата „Луцифер“ ќе почне да се прикажува на стрим-платформата “Нетфликс“ на крајот на август.

„Нетфликс“ ја презеде серијата од „ФОКС“ кој ја откажа по три сезони минатата година. Оживувањето дојде по масовната кампања на фановите за спас на нивната омилена серија со ѓаволот детектив Луцифер Морнингстар.

Реакцијата на четвртата сезона ги надмина очекувањата. Таа изби на прво место на гледаност. Натприродниот Луцифер, ѓавол и детектив, го надмина Game of Thrones („Игра на тронови“) на ХБО, рушејќи го нивниот рекорд на сите времиња.

„Луцифер“ со недели го држеше првото место на листата серии што биле одеднаш изгледани на популарната стриминг платформа.

Продукцијата прекина во април 2020 година, но „Нетфликс“ верува дека првата половина од петтата сезона ќе почне да се прикажува наскоро.

Треба да знаете
Последни објави