Search

Реал во контроверзен меч го совлада Сосиедад и се искачи на врвот на Примера

Реал Мадрид е нов лидер во шпанското фудбалско првенство откако вечерва во контроверзен натпревар со 1-2 славеше на гостувањето кај Реал Сосиедад, откако вчера Барселона ремизираше со Севиља.

За случувањата на Аноета сигурно ќе се зборува многу следните денови, особено во медиумите од Каталонија. Касемиро помина само со жолт картон за старт на Микел Мерино кога лесно можеше да добие црвен.

На стартот од вториот дел, Винисиус падна во шеснаесетникот на домаќините, а судијата покажа на белата точка. Фудбалерите на Реал протестираа, ситуацијата беше прегледана со ВАР, но одлуката остана а Серхио Рамос погоди од белата точка за 0-1.

На спротивната страна, Јанузај со удар од далечина изедначи на 1-1, но голот беше поништен поради офсајд на Микел Мерино, кој го порпречуваше видното поле на Куртоа.

https://twitter.com/Der11Tiger/status/1274816266407227398

Во 70. минута, Карим Бензема погоди за 0-2, но и овој гол беше спорен. Се доби впечаток дека напаѓачот со рака ја смири топката, повторно ВАР прегледуваше и процени дека се било легално иако немаше јасна слика дали Французинот игра со рака или рамо.

Во финишот на мечот, Мерино намали на 1-2, но тоа беше се што домаќините направија.

https://youtu.be/Ghegb1T1BTE

Треба да знаете
Последни објави