Search

Москва ги отвора рестораните, спортските сали и градинките

Во Москва утре ќе почне третата фаза во ублажување на мерките, воведени за да се спречи ширењето на коронавирусот. Од утре ќе се отворат рестораните, спортските сали и градинките.

„Од утре, по пауза од три месеци, рестораните и кафулињата ќе започнат со работа. Спортските сали, базените и спортските комплекси ќе ги отворат своите врати. Библиотеките и предучилишните установи, исто така, ќе работат повторно“, соопшти градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, додавајќи дека повторно ќе започне речниот сообраќај на реката Москва.

Иако работата на туристичките водичи во Москва е сè уште забранета, туристичките агенции ќе ги отворат своите врати и со тоа ќе го означат почетокот на туристичката сезона, пренесува агенцијата ТАС С.

Останува обврската за носење маски, ракавици и одржување на физичко растојание.

Треба да знаете
Последни објави