Search

Кејт Мидлтон објави нови фотографии за роденденот на принцот Вилијам

Кејт Мидлтон, сопругата на принцот Вилијам, го слави секој роденден на членовите на своето семејство со посебен момент – фотографија, а тоа го направи и за роденденот на својот сопруг.

Кејт ја сними фотографијата во Анмер Хол на почетокот од овој месец, а на неа се принцовите Џорџ и Луј и принцезата Шарлота кои позираат со својот татко и се во одлично расположение.

Исто така споделија уште една фотографија на „Твитер“ каде што играат опуштено и се тркалаат на тревата со Вилијам.

Кејт и Вилијам се преселија во Норфолк веднаш на почетокот на пандемијата и планираат да останат таму сè додека ситуацијата не се смири целосно.

Треба да знаете
Последни објави