Search

Кнесетот ќе гласа за легализација на канабисот

Израелскиот парламент денеска треба да гласа за предлог-закон со кој се легализира употребата на канабис, пишува „Ерусалим Пост”.

Според израелскиот весник, Кнесетот треба да го усвои предлог-законот што го предложи Шарн Хаскел од владејачката партија, конзервативната Ликуд.

– Мојот предлог-закон за декриминализација на канабисот ќе биде усвоен денеска од законодавниот комитет. Тоа е одлична вест за борба на повеќе од еден милион граѓани и за десетици илјади пациенти кои чекаат на денот кога државата Израел ќе престане да ги третира како криминалци, рече Хаскел.

Според законот, канабисот ќе биде дозволен за употреба за израелски државјани на возраст над 21 година, со исклучок на оние граѓани кои работат во безбедносните служби, додава „Ерусалим Пост”.

Треба да знаете
Последни објави