Чаир и Гази Баба најголемо жариште на Ковид-19 во Скопје

Скопје и понатаму е најголемо жариште на заразени со ковид-19 во земјава, а само денеска 96 лица од 185-те новозаразени се жители на главниот град.

Во Скопје во моментов 1.653 случаи се водат како активно заразени со коронавирус.

Според последните податоци, седум скопски општини веќе бележат троцифрени бројки на активно заразени лица.

На врвот на листата се уште е Чаир со 363 позитивни случаи, а зад оваа општина се Аеродром-129, Бутел – 133, Гази Баба – 148, Центар-126, Карпош – 115, Сарај – 125.

Понатаму, во Кисела Вода има 86 позитивни лица, Ѓорче Петров – 69,  Студеничани – 78, Шуто Оризари – 65, Арачиново – 52, Илинден – 25, Петровец – 12, Чучер Сандево – 9, Сопиште – 12, Зелениково-1.

Меѓу регистрираните случаи во Скопје четврорица се странци, а 6 лица се водат како нераспределени.

Треба да знаете
Последни објави