Темелковски делеше маски низ Кисела Вода

Градоначалникот Филип Темелковски, волонтери од Општинската организација на Црвениот крст – Кисела Вода и полициски службеници од одделот за превенција при полициската станица Кисела Вода, вчера на најфреквентните локации, на граѓаните им поделија 500 заштитни маски, ракавици, и флаери со пораки за заштита од вирусот Ковид-19.
Општината благодарение на одличната соработка со Црвениот крст и припадниците на полицијата, досега во корист на граѓаните има спроведено повеќе активности.
За побрзо надминуваање на сегашната состојба со вирусот, уште еднаш потсетуваме за придржување до препораките на Владата.

Треба да знаете
Последни објави