Спасовски: СДСМ во кампања ќе влезе без митинзи и активности „врата до врата“

СДСМ за претстојната кампања изготвила протокол по кој ќе се одвиваат нивните предизборни и партиски активности, изјави Оливер Спасовски, коментирајќи дека тоа значи оти сите присутни на јавен настан или состанок организиран од СДСМ мора да носат заштитна маска, да одржуваат растојание од 2 метри.

„Групирањето е забрането, а бројот на присутни на јавни настани и средби ќе биде со строга контрола, со најмногу 50 лица на јавна локација и 30 во затворен простор, со задолжителна физичка дистанца“, рече Спасовски.

Како што истакна, заради заштита на населението од коронавирус СДСМ ќе води кампања која ќе биде без настани на отворено со повеќе од 50 граѓани во публика; без настани на затворено со повеќе од 30 граѓани во публика; без митинзи и без активности од „врата до врата“.

Спасовски посочи дека е очигледен одговорниот пристап на СДСМ, наспроти нивните опненти од ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски секојдневно ги крши мерките и задолженијата и ги прекршува забраните за јавни собири.

Треба да знаете
Последни објави