„Сопругата на детективот” од Мирјана Проданова – македонска верзија на „Чикаго”

Од перото на уште една домашна авторка, деновиве излезе во печат книгата „Сопругата на детективот” на Мирјана Проданова, во издание на издавачката куќа Сакам Книги.  Едицијата  „Наши, а светски” е збогатена со уште една неверојатна и уникатна  приказна, која ќе ве натера да ги вртите страниците, сѐ додека не ја проголтате целосно.

„Сопругата на детективот” од Мирјана Проданова е семејна драма со елементи на крими мистерија, која на моменти потсетува на мјузиклот „Чикаго”, бидејќи група затворенички ги раскажуваат своите животни приказни и дознаваме како завршиле во женскиот затвор.  Приказната започнува кога Лидија го убива својот сопруг во самоодбрана, но дали е сѐ онака како што изгледа? Мирјана Проданова во нејзината книга ги испреплетува горчливите судбини на неколку жени во затворот, покажувајќи ја женската издржливост и проколната судбина.

Сепак, акцентот во дејството е ставен врз животот на Лидија, која на почетокот е прикажана како наивна, млада и неискусна, сѐ до судниот момент кога таа го убива својот сопруг Димитар. Покорната сопруга станува убиец, а нејзиниот насилен сопруг – жртва. Преплетувањето на минатото и сегашноста се клучни во разрешувањето на мистеријата, која го следи дејството до последните страници.  И низ сите тие неволји со кои се соочува Лидија во текот на судскиот процес и издржувањето на нејзината затворска казна, ние како читатели, добиваме една поинаква слика за животот и неговата темнина, но и за надежта како најголемо оружје…

„Сопругата на детективот” е достапна во сите поголеми книжарници кај нас, како и онлајн на www.sakamknigi.mk.

Треба да знаете
Последни објави