Петре Шилегов позитивен на Ковид-19

По градоначалниците на Чаир и Гази Баба, Висар Ганиу и Борче Георгиевски позитивен на Ковид 19 е и скопскиот градоначелник, Петре Шилегов.

Почитувани, би сакал да ве известам дека и покрај сите мерки кои што се превземаа од моја страна за моја лична и заштита на луѓето околу мене, сепак не успеав да се себезаштитам од Ковид 19. Искрено се надевам дека вирусот го немам пренесено никому.

Денешното тестирање покажа позитивен резултат. Клиничката слика е добра, со благо покачена телесна температура и без потреба од хоспитализорање.Ова е доказ дека вирусот не смее да се потцени и дека мора секој од нас да внимава.Чувајте се и чувајте ги другите околу вас, напиша Шилегов на Фејсбук.

https://www.facebook.com/100006438224726/posts/3286534338237808/?d=n

Треба да знаете
Последни објави