Во Европа повеќе од 2,5 милиони заразени со коронавирусот, најмногу во Русија

Во Европа досега се регистрирани повеќе од 2,5 милиони случаи на коронавирус, од кои повеќе од половина се во Русија, Велика Британија, Шпанија и Италија.

Во Европа со коронавирусот се заразени вкупно 2.500.091 луѓе, а починале 192.158 лица. Русија е европска земја со најголем број случаи – 576.952 и 8.002 жртви од Ковид-19.

Европа се уште е најпогодениот континент од пандемијата на Ковид-19, иако вирусот неодамна многу брзо се рашири во земјите од Латинска Америка.

Треба да знаете
Последни објави