Search

Oткако ја прекрши самоизолацијата, Палчо ќе биде изолиран 14 дена во хотел на сопствен трошок

Љупчо Палевски- Палчо денес беше уапсен поради непочитување на мерката за самоизолација. Палески пред неколку дена се вратил од странство, но наместо да седи во својот дом, полицијата го пронашла во кафуле во центарот на Скопје. Откако бил приведен во станица му било издадено решение за 2 седмици изолација во хотел на негов трошок.

Палевски попладнево се огласи на фб и објави дека на 22 мај бил тестиран и повторно на 9 јуни а самоизолацијата ја прекршил оти бил сам дома и отишол да си купи цигари. Пред Веро на 5о метра од дома, тврди Палевски, го сретнал Јохан Елесер,негов стар пријател и седнале да разговараат оти се немале видено 9 месеци.

-Не знаев, вели тој, дека за 20 минути ке се појават 3 возила со, како што пишува, 7 џандари а во кафеаната биле само тој и Јохан.

-Хотелот коректен се ОК ВИП, напиша Палевски на неговиот фб статус. Инаку Палевски 9 месеци беше во екстрадиционен притвор во Белград уапсен по потерница од Интерпол Хрватска за спор со бизнис партнер.

Во Македонија се врати пред 2 дена од Хрватска и требеше да биде во самоизолација во неговиот дом- правило кое важи за секој што влегува во државава заради корона вирусот.

 

Треба да знаете
Последни објави