Search

Еурофарм Пелистер не доби вајлд-карта за настап во Лигата на шампионите

Европската ракометна федерација ги соопшти имињата на тимовите кои во новата сезона ќе настапуваат во елитното клупско натпреаврување Лигата на шампионите во машка и женска конкуренција. Меѓу нив не се најдоа макеоднските претставници во машка конкуренција Еурофарм Пелистер и во женска Куманово.

ЕХФ не го прифати барањето на битолскиот клуб  која создава силен тим за настап во Лигата на шампионите. Вајлд-картите за учество во ова натпреаврување ги добија: Нант, ПИК Сегед, Елверум, Мешков Брест, Целје и Мотор Запорожје.
Загарантирано место во ЛШ имаа сеуште актуелниот европски првак, кој не доби шанса да ја брани титулата на паркетот поради скусената завршница,Вардар како и ПСЖ, Барселона, Кил, Веспрем, Фленсбург, Кјелце, Алборг, Загреб и Порто.
Еурофарм Пелистер и Металург ќе играат во Европската лига, останува да видиме само дали ќе почнат од некое квалификациско коло или некој од нив ќе има директен пласман во групната фаза.
Познати се учесниците и во женската Лига на шампиони, ЖРК Куманово не доби вајлд-карт.
Треба да знаете
Последни објави