Search

Договор меѓу Министерството за туризам на Грција и туристичките организации за соработката лекарите

На средбата на министерот за туризам на Грција со претседателите на комората на хотелиери, на федерацијата на хотелиери и на здружението на лекари е договорено заедно да направат специјален договор за да се поддржи почетокот на соработката на туристичките објекти со лекарите на регионално и на локално ниво, јави дописничката на МИА од Атина.

Средбата доаѓа откако од Грчката федерација на хотелиери во писмото испратено до Министерството за туризам, посочија неколку забелешки за протоколите за работа, особено на делот што се однесува на задолжителната соработка на хотелите и туристичките објекти со лекар, со образложение дека или не можат да најдат достапен лекар или услугите се скапи и истакнаа дека „хотелите не се, ниту ќе станат болници”.

Од Министерството за туризам на Грција, во соопштението за средбата објаснуваат дека туристичките објекти пријавиле на 500 лекари на платформата за добивање сертификација.

Треба да знаете
Последни објави