Search

Филипче: Седум пациенти се на респираторни машини

Се поголем е одзивот на пациенти кои одговараат на повикот на Клиниката да се вратат да донираат крвна плазма, рече министерот за здравство Венко Филипче во вечерашното гостување во емисијата „КликПлус“ на ТВ21.

Сложена болест, нова болест која ја напаѓа крвта и белите дробови, лекувањето е согласно анализите, согласно индикациите се става пацинетот на соодветна респираторна машина, појасни Филипче.

За жал смртноста е голема кај пациените на респираторни машини. Мал е бојот на вкупниот број на хоспитализирани кои се на респиратор, односно 7-мина, рече министерот за здравство.

Филипче потенцираше дека со широкото тестирање успеале да идентификуваат голем број на асимтоматски заразени од коронавирусот со што е спречено тие да продолжат да го шират.

Треба да знаете
Последни објави