Search

Филипче: Не сум изморен, секој ден е нова борба, тоа ни дава ентузијазам да истраеме

Не сум изморен, затоа што  секој ден е нова борба и тоа ни дава сила и ентузијазам за да истраеме и да успееме, рече актуелниот министер за здравство Венко Филипче, во вечерашната емисија „Клик-Плус“ на ТВ 21.

-Кога почна оваа криза, ова беше нешто што ниту една земја во светот не го очекуваше, не беше спремна за ваква криза, не беше спремна за оваа нова  болест, многу непозната, каква е болеста, како се пренесува, какви карактеристики има, зошто кај некои пациенти има една клиничка слика, а кај некои пациенти друга. И мислам дека многу брзо и сосема навремено изреагиравме- рече министерот за здравство Венко Филипче.

Навистина сум горд сум на здравствените работници, истакна Филипче, се престроија за што никогаш не беа спремни.

-Ниту здравствениот систем кај нас не бил подготвуван да одговори на еден ваков предизвик. Ние предвидовме дека може да дојде до исполнување на капацитетите во болниците, затоа е мобилната болница која ја поставивме- рече Филипче.

Треба да знаете
Последни објави