Search

Уапсена скопска измамничка осудена на 17 години затвор

На 18.06.2020 во 09,00 часот полициски службеници од СВР Скопје од ул.“Гостиварска“ на подрачјето на Ѓорче Петров ја лишиле од слобода Б.П.(65) од Скопје бидејќи се барала по потерница за издржување на казна затвор во траење од 17 години за сторени кривични дела “измами“ и “даночно затајување“.

Потоа била спроведена во Казнено поправната установа „Затвор Идризово“ на издржување на казната.

Како што дознава Фокус, измамничката во Македонија влегла пред два дена, а ја уапсиле откако отишла на помен кај својот починат сопруг. Претходно постојат сомнежи дека бегалката со години се криела во Белград и Сремска Митровица.

Треба да знаете
Последни објави