Со молотов коктел запалена куќа во Центар, опожарена и пиљара

На 18.06.2020 околу 03,25 часот во СВР Скопје било пријавено дека непознато лице фрлило запалива течност врз куќа на улица Борка Талевски во Скопје сопственост на П.П.(70) од Скопје.

Пожарот го зафатил и предниот ѕид од пиљара која се наоѓа во склоп на куќата, а сопственост на Н.К.(43) од Скопје.

Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Скопје. Се работи на расчистување на случајот

Треба да знаете
Последни објави