Search

Мертенс: Победата започна со карантинот на целиот тим

Напаѓачот на Наполи Дрис Мертенс смета дека триумфот над Јувентус е резултат на заедничкото дружење на целиот тим за време на карантинот поради пандемијата на коронавирус.

– Направивме сé што е можно затоа што сакавме да постигнеме нешто навистина посебно. Сите останавме во Неапол за време на карантинот, персоналот направи одлична работа со нас и бевме подготвени за игрите. Кога играте во Наполи, ова е нешто посебно, навивачите се неверојатни, но денес победивме како тим, а оваа победа започна за време на карантинот. За мене, карантинот беше како одмор, јас бев многу среќен што бев во Неапол. Тогаш решив да го продолжам договорот, изјави Мертенс.

Претходно, 33-годишниот Белгиец го продолжи договорот со Наполи на две години.

Наполи синоќа на пенали го совлада Јувентус со 4:2 и го освои трофејот во Купот на Италија.

Треба да знаете
Последни објави